Храна која опушта како масажа

Стресното секојдневје влијае на човековото здравје, предизвикува главоболки, желудочни тегоби, засилено чукање на срцето и несоница

0
182

Зошто  против овие негативни последици не би се бореле со храна? Еве листа од седум антистрес комбинации кои ќе ви ги опуштат сите групи мускули во телото.

  1. Смути од банана и кафе

Изматете смути од кафе, млеко од соја, зрела банана и малку горчливо какао. Оваа комбинација го зголемува нивото на серотонин и допамин во телото, го снижува крвниот притисок и е идеално решение за течен оброк пред одење на работа.

2. Овесна каша со цимет

Консумацијата на топла овесна каша го поттикнува лачењето на серотонин, кој го нарекуваат и хормон за добро расположение. Овесот е преполн  со прехранбени влакна кои бавно ја отпуштаат енергијата во телото и ја балансираат количината на шеќер во крвта. Додадете ѝ на кашата малку цимет, затоа што овој зачин ја намалува фрустрираноста, и лажица мед кој е природен засилувач на имунитетот.

  1. Темно чоколадо со бадеми

Јадете темно чоколадо со висок процент на какао и бадеми затоа што станува збор за моќна комбинација која го намалува стресот, го снижува крвниот притисок, дава енергија и ви помага во борбата со депресијата.

  1. Јаткасти плодови и семки

Земете комбинација од ф‘стаци, бадеми, ореви и семки од тиква за да се снабдите со влакна, антиоксиданси и незаситени масни киселини кои го опуштаат телото од напнатост и го подобруваат расположението. Внимавајте само да не изедете повеќе од неколку парченца од споменатите плодови затоа што станува збор за многу калорични намирници.

5. Грицкајте морков

Дали сте од оние кои јадат сѐ пред себе кога сте под стрес? Понекогаш во борбата против стресот ќе ви помогне и самиот чин на џвакање. Наместо чипс и други нездрави грицки – грицкајте свежи моркови.

  1. Чипс од кељ

Од листови на свеж кељ и малку маслиново масло направете крцкав чипс од рерна. Кељот е супер намирница која содржи мноштво хранливи материи кои го јакнат имунитетот, ја олеснуваат исхраната и го намалуваат крвниот притисок. Кељот е одличен извор на каротеноиди, соединение кое е поврзано со оптимистичното размислување.

  1. Пијуцкајте вино

Пиењето помали количини алкохол ќе ви го снижи крвниот притисок и ќе ве опушти од напнатост. Виното е преполно со флавониди и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат некои болести. Пијте кратки голтки и не повеќе од една чаша – и така опуштете се од работата на крајот од денот.

loading...