Чизкејк со ананас

Ништо ново - се прави лесно, наместо маскарпоне, се става свежа урда, само внимавајте сепак која ќе ја одберете затоа што вкусот може да биде многу различен

0
73

Чизкејкот е супер свеж колач кој лесно се прави а можете да го правите во различни варијанти. Не мора да фрлате пари за маскарпоне, купете си пола килограм урда и ефектот е уште подобар. Само сепак внимавајте каква урда ќе купите. Најдобра е онаа несолената и малку покремава.

Состојки:

За тестото:

300 г брашно

1 јајце

200 г путер

50 г шеќер

1 лажичка кора од лимон

За кремот:

3 јајца

100 г шеќер

500 г урда

1 павлака

1 пудинг од ванила

1 ванилин шеќер

За украсување:

Ананас (или по ваш избор некое друго овошје)

Приготвување:

Се замесува тесто од состојките и се расукува па се префрла во добро подмачкана тава за печење со тоа што треба убаво да се обложат рабовите од тавата за да не се истура кремот кога подоцна ќе го ставите врз тестото.

Ставете го тестото во загреана рерна на 180 степени, на 10 минути, а во меѓувреме подгответе го кремот.

Изматете ги сите состојки и истурете ја смесата врз тестото па печете уште 50 минути. Потоа изгасете ја рерната и оставете го колачот внатре. Кога сосема ќе се олади, наредете парчиња ананас.