Човек починал во обид да изеде 50 јајца натпреварувајќи се со пријател

Ова се само неколку примери за тоа колку се глупави и бесцелни натпреварите во јадење на најразлични видови на храна. Зошто ли воопшто се одржуваат?!

0
275

Пријателите биле на пазарот Бибиган во областа Јаунпур во Утар Прадеш, во Индија, кога ја започнале расправијата, соопштила полицијата.

За да го решат несогласувањето, тие се согласиле за облог од 22 фунти за оној кој прв ќе изеде 50 јајца на едно седење.

Полицијата соопштила дека Субхаш Јада штотуку започнал да го јаде своето 42-ро јајце кога колабрирал и изгубил свест.

42-годишникот бил пренесен во болница, но починал само неколку часа подоцна.

Лекарите веруваат дека г. Јада починал од прејадување, според Indo-Asian News Service.

Сепак, неговото семејство одбило да ја коментира неговата смрт.

Во август годинава, Дана Хатчингс починал откако се загушил и го удрил лицето од маса паѓајќи на земја за време на натпревар во јадење тако во Калифорнија.

Медицинскиот персонал се обидел да ги расчисти дишните патишта од храна, но тој починал помалку од половина час по пристигнувањето во болница.

Бетан Гаскин (24), се задавила до смрт во февруари, додека се обидувала да види колку јафа кекси може да собере во нејзината уста.

Младата мајка престанала да дише и доживеала срцев удар откако тие ѝ се заглавиле во грлото.

Студентката Кејтлин Нелсон, 22, колабрирала само неколку минути по почетокот на натпревар за јадење палачинки за време на хуманитарна акција за прибирање на средства за добротворни цели на универзитетот „Sacred Heart“ во Конектикат, САД, во 2017. година. Таа подоцна починала во болница.

Ова се само неколку примери за тоа колку се глупави и бесцелни натпреварите во јадење на најразлични видови на храна. Никогаш не ми било јасно ЗОШТО се организираат натпревари во брзо јадење!

Фото: Pixabey