„Шат“ соковите содржат повеќе витамини, а помалку калории од просечно смути

Ако најдобрите состојки ги помешате во мали количини и ги ставите во мали чашки за ракија, ќе добиете моќен напиток поздрав од класично смути

0
643

Што би можело да биде поздраво од напиток со овошје и зеленчук преполн со антиоксиданси? Ако најдобрите состојки ги помешате во мали количини и ги ставите во мали чашки за ракија, ќе добиете моќен напиток поздрав од класично смути затоа што содржи помалку калории и шеќери, а еднаква количина витамини.

За да заштедите време, наместо една чашка сок, направете цел бокал и едноставно, состојките за секој рецепт помножете го со бројот 7. Значи, ако во рецептот пишува дека треба да ставите една лажичка од одредена состојка, ставете 7 лажички и така за 7 патио зголемете ја количината за секоја одделна состојка, потоа се измешајте, ставете во фрижидер и секодневно земајте по една мала чашка. Може да стои во фрижидер 1 недела, а доколку сакате да имате за подолг период, замрзнете.

Еве неколку здрави рецепти за „шат-сокови“

За помал ризик од болести

1 лажичка куркума

¼ шолјичка кокосово млеко

Прстофат црн пипер

Еднаш дневно, во кое било време, испијте го овој „шат“.

Куркумата ги намалува воспаленијата кои можат да предизвикаат астма, артритис, кардиоваскуларни болести и други хронични состојби. Црниот пипер му овозможува на вашиот организам поголема апсропција на куркуминот. Кокосовото млеко е богато со влакна и витамини.

За брзо опоравување од воспаление на мускулите

1/4 кисел сок од вишни

2 лажички чиа семе

Прстофат морска сол

Ако вежбате испијте го пред да одите на вежбање.

Атлетичарите кои пијат кисел сок од вишни, „побрзо се опоравуваат“ после маратон и имаат помалку болни мускули. Познатите чиа семки кои апсорбираат вода  помагаат за „враќање на изгубената течност“ во текот на потењето. Електролитите во морската сол помагаат да се спречат грчевите во мускулите и да се одржи нивото на водата.

За ревитализација на метаболизмот

2 лажици јаболков оцет

2 лажици вода

½ лажичка мелен цимет

Испијте „шат“ пред секој оброк

Истражувачите докажале дека јаболковиот оцет го поттикнува метаболизмот пред јадење. Водата го ублажува вкусот на оцетот и дејството на киселината врз вашите заби. Циметот е богат со хром и помага за превенција од инсулинска резистенција поттикнувајќи го вашето тело на согорување на шеќер за енергија наместо „складирање“ на вишоци во форма на масти.

Против настинка

1 лажица рендан ѓумбир (или 1 лажичка ѓумбир во прав)

¼ шолјичка сок од калинка

¼ лажичка црвен пипер

Испијте еден или два „шата“ ако почувствувате дека ќе настинете или ќе добиете грип.

Ѓумбирот содржи активна состојка против болки, со антимикробни и антифунгални својства кои помагаат во борба против болеста. Калинката која има три пати посилно антиоксидативно дејство од зелениот чај, го сузбива оксидативниот стрес која ја нарушува работата на имунолошкиот систем. Капсаицинот, пикантна состојка во црвениот пипер, помага во „одзатнување“ на дишните патишта.

loading...