Ѓумбир за слабеење

Неколку особини на ѓумбирот влијаат на губење на прекумерната тежина, па затоа тој се смета за ефикасно средство за слабеење.

0
554

Еве како се може да ви помогне ѓумбирот во борбата со прекумерната тежина.

Ѓумбирот како помош во варењето

Ѓумбирот може да го подобри варењето со зголемување на pH вредноста во желудникот и стимулирајќи ги ензимите за варење. Со оглед на тоа што ѓумбирот е влакнеста храна, ја зголемува подвижноста на цревата. Комбинацијата од тие два ефекти значи дека битните хранливи материи побрзо се апсорбираат, додека неважните состојки заради кои се јавува надуеност и опстипација, побрзо се излачуваат. Покрај тоа, поефикасен систем за варење подобро ги обработува внесените намирници, што може да придонесе за слабеење.

Ѓумбирот го подобрува метаболизмот

Постојат назнаки дека ѓумбирот го поттикнува метаболизмот и до 20 отсто и може да го згоеми согорувањето на мастите. Со поттикнување на метаболизмот се губат мастите складирани во телото што не влијае само на слабеењето, туку помага за снижување на нивото на холестерол и триглицериди.

Ѓумбирот го зголемува чувството на ситост

Група истражували од Универзитетот Колумбија во Њујорк, во 2012.година го испитала дејството на топлиот напиток од ѓумбир на потрошувачката на енергија, на апетитот и на чувството за ситост.

Утврдено е дека 2 грама ѓумбир во прав, растопен во топла вода има значително влијание на загревањето на организмот, намалувањето на гладот и внесувањето на храната, како и на поголема ситост. Чувството на намалување на гладот траело и до 6 часа по консумацијата на напитокот.

Чај од ѓумбир

Едноставен, вкусен и миризлив, а делува. Чајот од ѓумбир е многу популарен напиток за слабеење.

Најголемиот број на совети за тоа како да ослабнете со помош на ѓумбир, препорачуваат консумација на чај од ѓумбир со додаток на сок од лимон пред појадок.

Ајурведата и ѓумбирот

Ајурведската медицина препорачува ѓумбир за слабеење во три чекори:

Прв чекор: пијте чај од ѓумбир два до три пати дневно за да го подобрите варењето. Доброто варење е лек за дебелина.

Втор чекор: Џвакајте парче корен од ѓумбир неколку минути пред секој оброк. Алтернативно, можете да помешате мала количина рендан ѓумбир со сок од лимон и сол. Земете два прстофати од смесата пред секој оброк. Освен што го подобрува варењето, ѓумбирот го намалува апетитот.

Трет чекор: Користете го ѓумбирот како зачин колку што е можно почесто.

loading...