Ја гаси жедта и ја враќа енергијата: Домашен леден чај од праски и лимон

Со овој трик нема да има потреба да чекате овошјето да пушти арома, а за да биде чајот што поароматичен, украсете го со ливчиња свежо нане...

0
189

За да не мора да чекате праските да пуштат арома, ставете ги во блендер со ѓумбирот па исцедете ги преку газа во чајот. Наместо праски ќе послужат и јагодите, а ако сакате да биде поблаго, наместо шеќер, ставете мед.

Состојки:

2 лажички зелен чај

1 лимон

4 праски

Корен од ѓумбир (1 cm)
Нане

Приготвување: 

Ставете ги ливчињата зелен чај во врела вода па оставете ги 5 минути и процедете.

Праските и ѓумбирот излупете ги и изблендирајте ги со малку вода па исцедете ги преку газа.

Сокот од лимон, ѓумбир и праски ставете го во зелениот чај.

Додадете праска исечена на парчиња и оставете да се лади.

Послужете со свежи ливчиња нане.

loading...