Јогурт и куркума, здрава и одлична комбинација за слабеење

Истражувањата покажале дека куркумата помага за согорување на мастите од црниот дроб што е важно за слабеење, а јогуртот создава чувство на ситост и го поттикнува варењето. Комбинацијата на куркума и јогурт заради своите нутритивни вредности во Ајурведската медицина се дава и во случаи на анемија.

0
957

Знаеме веќе дека куркумата е богат извор на железо, магнезиум, цинк, манган, витамин Б6, витамин Ц, витамин Е, диетални влакна.

Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основна состојка на растението.

Индиската медицина ја третира куркумата како еден од најмоќните природни лекови, а научните истражувања потврдуваат дека е вистинско чудо во лечењето на разни сериозни здравствени проблеми како што се ракот, Алцхајмеровата болест, мултиплекс склероза, леукемија.

Едно од најзначајните својства на куркумата е нејзиното антиканцерогено дејство поради нејзините антиоксидативни, антивоспалителни и имуностимулирачки својства.

Куркумата го намалува ризикот од настанување на леукемија, ги обновува мозочните клетки, поволно влијае на работата на штитната жлезда, го регулира метаболизмот, ги смирува воспалителните процеси и го поттикнува губењето на масните наслаги при слабеење, го прочистува црниот дроб, претставува природен лек против артритис и реума, ја регенерира кожата, помага во лечење псоријаза.

Во кинеската медицина куркумата се користи за лечење на депресија, а во бразилската народна медицина за запирање на крварења и како моќен противотров при каснување од змија отровница. Хавајските жители ја употребуваат како сок кој се става во уши за отстранување на болката и во нос против воспаление на синусите. Куркумата исто така се користи како зачин во храната за спречување на подуеност и гасови.

Што се однесува до комбинацијата со јогурт, таа е одлична за слабеење, но и за полесна консумација на овој зачин.

Истражувањата покажале дека куркумата помага за согорување на мастите од црниот дроб што е важно за слабеење. Јогуртот (кој го поттикнува слабеењето) може да се комбинира со куркума за да се добие оброк кој помага за слабеење. Куркуминот во куркумата помеѓу другото, го забрзува метаболизмот и го забавува растот на масни наслаги.

Јогуртот создава чувство на ситост и го поттикнува варењето. Комбинацијата на куркума и јогурт заради своите нутритивни вредности во Ајурведската медицина се дава во случаи на анемија.

Оваа комбинација се препорачува да се консумира наутро, на гладно и попладне, но не по заоѓањето на сонцето.

Во 500 мл јогурт се става една лажичка куркума, а можете да додадете и повеќе доколку вкусот не ви е премногу јак.

Куркумата и јогуртот може да се помешаат и со неколку капки сок од лимон, за добар почеток на денот.

Ова е наједноставна комбинација која нема да ви одземе многу време.

Ако сакате да ја заблажите оваа комбинација, можете да додадете и лажичка мед, јаворов сируп или некој друг природен засладувач.

Освен тоа, во овој здрав оброк можете да додадете и малку цимет или чиа семе, ни и некое свежо овошје, сиров кокос или јаткасти плодови. За да ја подобрите апсорпцијата на куркуминот во телото, додадете во смесата и малку црн пипер.

Фото: Pixabey

loading...