10 години јадел само брза храна, па ослепел

Витамините Б кои се наоѓаат во целите намирници и зелениот лиснат зеленчук, се клучни за видот, а докторката која е упатена во случајот на ова момче, вели дека е тоа најсериозен случај на губење на видот поради лоша исхрана кој го видела.

0
81

Светските медиуми пишуваат за 17.годишник кој јадел само помфрит, грицки и шунка, а потоа речиси целосно ослепел поради недостаток на витамини во исхраната. Станува збор за момче од Бристол кое сега има 19 години, а веќе цела деценија не јадело ни овошје ни зеленчук.

Неговата дневна исхрана се состоела од помфрит, грицки, пржени колбаси и повремено сендвичи со шунка.

Не наведувајќи го неговото име, светските медиуми пишуваат дека ова момче поради исхраната имало недостаток на клучните витамини во организмот, вклучувајќи го витаминот Б12, витаминот Д…

Поради тоа постепено почнал да го губи видот со 14 годии, а станува збор за состојба на оптичка неуропатија предизвикана од исхраната.

Ова момче имало нормална висина и тежина за својата возраст, но недостатокот од витамини им направил непоправлива штета на нервите во очите, поради што речиси целосно ослепел.

„Станав многу осамен. Кога бев мал, ќе излезев надвор да играм фудбал со своите пријатели. Сега сум премногу исплашен да го направам тоа“, рекол тој за „Тајмс“.

Момчето смета дека лекарите можеле да му помогнат, но не сфатиле на време дека лошата исхрана е причина за неговиот проблем.

„Неговиот вид постепено се влошувал сѐ додека речиси целосно не ослепе. Тој сега нема никаков социјален живот“, вели неговата мајка.

Оптичките нерви се направени од милиони влакна и тие пренесуваат визуелна информација од окото до мозокот. Кога ќе се појават оштетувања поради недостатокот на витамини, оптичкиот нерв ја губи способноста да ја премесе таа информација до мозокот.

Нутритивната оптичка неуропатија е бавен, безболен процес на постепено губење на видот. Понекогаш е следен со дисфункција на препознавање на бои, а ако не се третира на време, води до трајно губење на видот.

Витамините Б кои се наоѓаат во целите намирници и зелениот лиснат зеленчук, се клучни за видот, а д-р Дениз Ејтан која е упатена во случајот на ова момче, вели дека тој јадел „само помфрит, чипс, колбаси и други обработени намирници откако тргнал во училиште. Тоа е најсериозен случај на губење на видот поради лоша исхрана кој сум го видела“.

Таа додава дека момчето очигледно внесувал доволно калории, но не и нутриенти.

„Родителите му купувале помфрит затоа што ако не го јадел тоа, не јадел ништо. Дале сѐ од себе за да го принудат да јаде овошје и зеленчук. Сега е по дефиниција слеп и може да ги прочита само најкрупните букви, оние во првиот ред, на оптичарската табла. Исто така, има ‘слепи точки’, односно, подрачја на кои воопшто не може да види. Има само периферен вид кој му помага да се движи, но предизвикал трајно оштетување на оптичкиот нерв, кој не може сам да се опорави“.

Таа открила и дека ова момче сѐ уште не ја сменило исхраната, но прима терапија за пореметување во исхраната и зема витамински суплементи.

„Докторите и родителите мораат да бидат свесни дека секојдневната лоша исхрана не е штетна само за срцето и витката линија, туку и за видот“, заклучила д-р Ејтан.

Фото: Pixabey