26 едноставни бонтон правила

Додека луѓето ретко ги забележуваат добрите манири, тие секогаш ги забележуваат лошите. И добрите и лошите манири се најочигледни кога се седнува на заедничка трпеза.

0
628

Според Мериам-Вебстер, дефиницијата за бонтон е: следење на одредени правила на однесување според нормите на едно општество. Во суштина, бонтон се правила за тоа како треба да се однесувате во социјалниот живот – да имате добри манири е знак на почит и култура. Основните правила на бонтон се всушност релативно едноставни и ја поттикнуваат културата на говор, чист изглед, заедничка учтивост и емоционална контрола.

Додека луѓето ретко ги забележуваат добрите манири, тие секогаш ги забележуваат лошите кои можат да остават лош впечаток.

Затоа еве некои од најважните манири кои треба да се имаат на ум.

Телефон на маса во друштво: Всушност, е непристојно да се остава телефонот на маса. Тоа остава впечаток дека овој апарат ви е премногу важен во животот. Ова имплицира дека ви е здодевно и дека во секој момент го проверувате својот Фејсбук, пишувате пораки или играте игрички.

Носење женска чанта: Мажите не треба никогаш да носат женска чанта. Меѓутоа, може да го носат палтото на својата придруничка до гардероба.

„Ве поканувам“: оваа фраза покажува дека вие се нудите да платите. На пример, ако кажете „да одиме во ресторан“, укажувате дека секој треба да плати за себе. Исто така, останува на жената да ја прифати или да ја одбие понудата на придружникот да ја плати сметката.

Повикување девојки на состанок: не треба да каните девојка на состанок ако планирате цела вечер да пишувате пораки.

Поздравување странци: ако сте со некој пријател и тие видат некој што го знаат, вие исто така, треба да ги поздравите.

Јадење суши: многу луѓе мислат дека правилен начин да се јаде суши е користењето на стапчиња за јадење. Сепак, исто така е соодветно да го јадете и со раце.

Зборување на телефон: Генерално, обидете се избегнете важни разговори по телефон. Ако имате нешто навистина важно да зборувате со некого, зборувајте лично.

Чисти чевли: вашите чевли треба секогаш да бидат чисти.

Одење: мажите речиси секогаш треба да одат од левата страна на една жена. Единствен исклучок е направен за војните лица, кои треба да бидат подготвени да салутираат.

Одговарање на некој што ве навредува: ако некој направи нешто навредливо кон вас, не му возвраќајте. Не е добро да го кревате гласот. Најдобро е да го напуштите лошото друштво.

Работи за кои не треба да се зборува: богатство, медицински проблеми, возраст, религија, чест, љубовни врски, подароци, семејни караници и срам.

Возење низ баричките: возачите треба да бидат свесни дека е незгодно да се вози низ локвите кога минуваат покрај пешаци.

Мода по секоја цена: Подобро е да изгледате убаво (дури и ако не е последна мода) отколку да изгледате страшно во трендовска облека.

Поздравување на луѓето кога влегувате во просторија: без оглед каква е вашата професија, најдобро е да бидете првата личност која ќе ги поздрави сите во просторијата.

Приватност на пораките: најдобро е да се почитуваат приватните преписки на другите луѓе. Родителите не треба да ги читаат текстовите на нивните деца. Истото важи и за двојките.

Пушењето во присуство на жена: мажите треба само да пушат во присуство на жена само доколку ја имаат нејзината дозвола за тоа.

Почитување на жената: секој човек треба да покаже почит кон секоја жена.

Парфем: најважното правило кога се користи парфем е да се користи во умерени количини. Ако во вечерните часови се уште можете да го помирисате својот парфем, веројатно е дека другите мирисале повеќе од доволно во текот на денот.

Допирање на жена: маж никогаш не треба да допре жена без нејзина дозвола.

Одговарање на груби повици: ако некој ви се обрати на несоодветен начин, не одговарајте. Најдобар начин да се охрабрат другите да имаат добри манири е самите да бидете модел за тоа.

Доаѓање до вашето место во театар или кино: кога влегувате во редот, покрај луѓето кои ги поминувате треба да бидете свртени со лицето. Мажот треба да оди пред жена.

Заблагодарување: не заборавајте да им се заблагодарите на своите пријатели, роднини и сакани. Ценете ја љубовта и помошта што ви ја нудат.

Одговарање на тоа дека ви е простено: ако некој ви прости откако ќе се извините, не останувајте на навредливата тема. Само избегнете ја грешката во иднина.

Смеење и зборување во јавноста: обидете се да не се смеете и / или да зборувате премногу гласно во јавноста. Не зјапајте во луѓето – тоа е невкусно.

Одговарање на покани за настани: морате секогаш да одговорите на поканите – без оглед дали имате намера да се појавите таму или не. Не е исто да не се појавите и да одговорите на поканата со известување дека нема да се појавите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here