5 работи кои никогаш не смеете да ги јадете на празен желудник

Од ден на ден има се повеќе совети за тоа што треба да се јаде наутро. Но исто така е битно и што е тоа што не смееме во никој случај да го консумираме на празен желудник.

0
2349

Она што многумина не го знаат – и за што не се зборува многу, е фактот дека погрешен појадок може многу да му наштети на нашето тело. Заради тоа, секако. треба да се избегнува овие пет намирници да се вклучат во првиот дневен оброк:

Домати

Генерално, доматите се супер. Полни се со витамини и антиоксиданси. Меѓутоа, ако ги јадете порано во денот за појадок, во комбинација со желудочната киселина можат да предизвикаат кисеини, па дури и болки во желудникот.

Агруми

Лимони, портокали, грејпфрут, мандарини, се одлични снабдувачи со витамин Ц. Меѓутоа, нивната киселина може да ја „нападне“ ваата слузница па да предизвика болни ранички во устата.

Тесто со квасец

Рано наутро, квасецот може да го надразни желудникот и да предизвика надуеност и пречки во варењето. Затоа е најдобро наутро да се избегнуваат производи што содржат многу квасец – како на пример, лиснато тесто.

Краставици

Наутро, како појадок, се препорачува да се избегнува секој сиров зеленчук. Но ако консумирате краставици, голема е веројатноста дека е страдате од киселини и надуеност.

Јогурт

Јогуртот е извор на вредни млечни бактерии кои се добри за цревната флора. Но ако го консумирате на празен желудник, тие добри бактерии ќе ги уништи желудочната киселина.

loading...