Летна салата од праски и домати

Праските и доматите можеби не ви звучат како комбинација од соништата, но пред да одмавнете со главата, задолжително пробајте. Внимавајте, многу е веројатно да ве воодушеви.

0
102

Ако ви е потребно нешто ново, поинакво, несекојдневно, а воедно и едноставно и освежително, токму како за овие топли денови, тогаш салатата со праски и домати е дефинитивно она што ви треба. Можете да додадете и неколку ливчиња свеж босилек или нане.

Состојки:

2 поголеми мазни праски

2 поголеми домати

1/2 главица црвен кромид

неколку шери домати

1 лажица јаболков оцет со мед

1 лажица сок од лимон

2 лажици маслиново масло

сол, црн пипер и свежи ливчиња босилек или нане

Приготвување:

Исечете ги праските на тенки кришки, доматите на тркалца, а шери доматите на половинки. Ставете ги во сад за салата и додадете го кромидот исечен на резанки.

Помешајте ги оцетот, сокот од лимон, маслото и зачините и прелијте ја салатата.

loading...