Aх тие кикирики

Исто така, научниците сметаат дека со консумација на кикириките или путерот од кикирики можеме да го намалиме процентот на заболувања од кардиоваскуларните болести и дијабетесот.

0
854

Некои луѓе не можат да му одолеат на мирисот на печените кикирики, а тој, барем во Скопје, може да се почувствува на многу места. И тоа е супер затоа што е најдобриот можен начин за консумирање на кикирики наместо оние во вакум кеса полни со сол и со зејтин.

Уште старите Инки пред 3500 години ги употребувале кикириките како храна, но и за изработување на садови. Во 15.век шпанските освојувачи ги пренеле низ целиот свет, а во Северна Америка стигнал дури во 18.век.

Кикириките се многу повеќе од грицки, тие се многу повеќе од тоа поради своите нутритивни и лековити својства.

Кикириките содржат бројни витамини и минерали вклучувајќи ги тука и витамините Е, комплекс од витамини Б, калциум, магнезиум, железо, цинк, манган, како и најважниот коензим  Q10 и ресвератрол кои ни го продолжуваат животот и не подмладуваат.

Заради наведените состојки, кикириките ги подобруваат помнењето и слухот, влијаaт на потенцијата, ѝ даваат на косата сјај и го смируваат нервниот систем.

Исто така, научниците сметаат дека со консумација на кикириките или путерот од кикирики можеме да го намалиме процентот на заболувања од кардиоваскуларните болести и дијабетесот.

Помеѓу останатото, тоа е благодарение на нивните антиоксидативни својства, како и големата содржина на фитонутриенти и диетални влакна. Интересен е фактот дека, наспроти мислењето дека кикириките дебелеат, оние кои ги консумираат имаат мали шанси да добијат на тежина поради нив.

Со јадење на кикирики се создава чувство на ситост, а во своето тело со нив внесуваме многу хранливи состојки, белковини и витамини. Можеме да ги помешаме и со други јаткасти плодови или суво овошје, што е не само вкусно, туку и здраво.

И путерот од кикирики е исто така здрав. Она што е нездраво кога се јадат кикириките е вишокот на сол, а наједноставен начин да ги испечете сами е во рерна, без зејтин, со помалку сол. Единствената лоша работа кај кикириките е затоа што предизвикува алергиски реакции кај поединци, а можат да бидат и смртоносни. За среќа, алергиските реакции се покажуваат веднаш, па лесно ќе дознаеме дали се тие добри за нас или не.

loading...