Јаболков оцет за слабеење, дијабетес, намалување на притисокот, холестеролот,…

Заговорниците на алкалната теорија веруваат дека исхраната богата со кисела храна води до недостаток на енергија, инфекции, немир, раздразливост, главоболки воспаление на грлото, носот и синусите, алергиски реакции и ги прави луѓето склони кон артритис и гихт. Некои заговорници на јаболковиот оцет веруваат дека тој ја враќа рамнотежата. Ова сѐ уште не е докажано.

0
802

Иако другите видови оцет какви што се белиот оцет, балсамико оцетот и црвениот вински оцет, се користат главно во кулинарството, јаболковиот оцет се користи пред сѐ, во здравствени цели. Хипократ рекол дека го користеле како лековит тоник, а американскте војници го користеле за борба против лошото варење, воспаление на белите дробови и скорбут.

Во 1958.година доктор Џарвис објавува кнга во која го препорачува јаболковиот оцет како лек за сѐ, објаснувајќи дека е необично богат со калиум (во споредба со другите извори на храна. Тој тврдл дека мешањето на јаболков оцет со мед може да ги уништ штетните бактерии во системот за варење и го препорачува како тоник за породбрување на варењето кој се консумира со оброците.

Кога се користи?

Дијабетес

Можеби најинтересен аспект на јаболковиот оцет е можната здравствена корист врз нивото на глукоза во крвта. Неколку помали студии сугерираат дека оцетот може да помогне во намалувањето на нивото на глукоза во крвта.

Прелиминарните студии на истражувачите од Универзитетот во Аризона се објавени во списанието Diabetes Care, а вршени се со исптаници со дијабетес тип 2. Истражувачите откриле дека земањето две лажици јаболков оцет пред спиење има повоно влијание на нвото на глукоза во крвта наутро.

Други студии откриле дела оцетот може да ја снижи глукозата после оброкот. Мала студија го споредувала влијанието на оцетот со белиот леб на глукозата во крвта и нивото на инсулин. Истражувачите откриле дека оние кои консумирале оцет со бел леб имале снижена глукоза о крвта и намалено ниво на инсулин после оброкот.

Слабеење

Јаболковиот оцет станал популарен за согорување на мастите и за сузбивање на апетитот. Всушност постојат дури и таблети кои се земат пред секој оброк.

Најраниот заговорник на јаболковиот оцет за слабеење е Џарвис кој напишал дека луѓето кои редовно консумирае јаболков оцет согорувале масти наместо да ги складираат. Иако некои велат дека пектините, ензимите, витамините и калиумот можатда помогнат во слабеењето, нема доверливи истражувања кои покажуваат дека јаболковиот оцет може да влијае а метаболизмот или на побрзо согорувањена мастите.

Алкална состојба

Некои видови алтернативна медицина сугерираат дека јаболковиот оцет како дел од исхраната го враќа балансот. Теоријата зад алкалната исхрана е дека нашата крв е благо алкална, со нормално pH ниво помеѓу 7,35 и 7,45. Нашата исхрана би требало даја одржува оваа pH рамнотежа и да биде благо алкална. Сета храна која ја јадеме, откако ќе се свари и метаболизира, отпушта кисела или алкална база во крвта. Намирниците со кои луѓето често се прејадуваат како што се житарките, месото, млечните производи се кисели производи.

Заговорниците на алкалната теорија веруваат дека исхраната богата со кисела храна води до недостаток на енергија, инфекции, немир, раздразливост, главоболки воспаление на грлото, носот и синусите, алергиски реакции и ги прави луѓето склони кон артритис и гихт. Некои заговорници на јаболковиот оцет веруваат дека тој ја враќа рамнотежата. Ова сѐ уште не е докажано.

Висок холестерол

Студија од 2006. година покажала дека глувците хранети со оцетна киселина имале значително снижени концентрации на вкупниот холестерол и триглицеридите. Потребно е да се спроведе и да се тестира на луѓе за да се докажат овие резултати.

Рефлукс на киселина

Јаболковиот оцет со вода е популарен лек за рефлукс на киселина. Се темели на теоријата дека киселините и рефлуксот се всушност симптоми на недостаток на желудочна киселина, што е последица од стареењето, слабата исхрана или земањето лекови.

Сепак, не се препорачува како домашен лек за рефлукс или киселини затоа што може да ја оштети чувствителната слузница на системот за варење и да го влоши проблемот. Ако имате рефлукс на киселина или киселина, посетете лекар за да добиете правилна дијагноза и третман.

Крвен притисок

Според прелиминарните студии оцетната киселина во оцетот може да помгне да се снижи притисокот. Не е јасно како функционира тоа, иако истражувањата покажуваат дека може да го зголеми нивото на азотен оксид, соединение во телото кое ги опушта крвните жили или може да го инхибира ензимот наречен ангиотензин-конвертирачки ензим од производството на ангиотензин II, хормонот кој го предизвикува.

Нуспојави

Неразреден јаболков оцет, во течен облик или во облик на таблети, може да ја оштети жолчката и други делови од системот за варење, јаболковиот оцет може даја оштети забната глеѓ. Лицата со остеопороза и ниско ниво на калиум треба внимателно да го користат. Ако оцетот се прменува на кожата може да предизвика изгореници и лузни. Прекумерното консумирање на јаболков оцет може да предизвика оштетувања на желудникот, дванаесетпалачното црево и црниот дроб.

Фото: Pixabey