Ако се прејадете, добивате електро-шок. Заинтересирани?

Постои алка која се носи на рака и ве електрошокира секогаш кога ќе се прејадете. Чини околу 50 евра. Би ставиле ли нешто вакво на себе?

0
85

Ако сакате да ослабнете, но дициплината не ви е силна страна кога станува збор за исхраната, луѓето нашле решение и за тоа. Станува збор за Павлок алка за рака која ве „шокира“ секогаш кога ќе изедете премногу. Значи, секогаш кога ќе претерате со храна, оваа алка благо ќе ве „шокира“ со 350 волти.

Одлуката низ телото да пуштите „шок“ е ваша. Но ако не си верувате доволно, вашите пријатели можат да симнат апликација преку која можат да влијаат на алката и да ви испратат „шок“ кога ќе ве фатат дека јадете повеќе отколку што би требало, пишува во описот на овој производ. Алката може да се најде, а каде на друго место, на Амазон, по цена од околу 50 евра. По едно полнење, алката може да ве „шокира“ 150 пати.