Ако сте ги извадиле јајцата од фрижидер на подолго од 2 часа, фрлете ги!

Кога еднаш ќе се оладат во фрижидер, многу е важно да ги држите јајцата на иста температура. Во спротивно можат да бидат опасни по здравје

0
1196

Задолжително фрлете ги јајцата кои биле во фрижидер а потоа сте ги извадиле и сте ги оставиле на собна температура подолго од 2 часа.

Кога еднаш ќе се оладат во фрижидер, многу е важно да ги држите јајцата на иста температура. Во спротивно можат да бидат опасни по здравје

Ладното јаје во топло опкружување почнува да се „поти“, а тоа го поттикнува растот на бактерии на надворешната страна. Со оглед на тоа што лушпата од јајце е порозна, бактериите можат да продрат во неговата внатрешност и да го заразат.

За да спречите било какви нагли температурни промени, чувајте ги јајцата во најладниот дел од фрижидерот, никако на врата кадешто обично ги чуваме. Така се поголеми шансите да доаѓа до промена на температурата во вратата заради нивното отварање и затварање.

Ако добиете јајца кои не се измиени и цело време биле на собна температура, тогаш нема никаква потреба да ги ставате во фрижидер. Но, ако одлучите да ги измиете, тогаш мора да ги ставите во фрижидер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here