Ако ве фати циститис среде одмор, не очајувајте!

Чај од лук, сода бикарбона и увин чај, добитна комбинација! Гадно? Не, воопшто не е... особено ако немате друг избор

0
1444

На море сте, уживате, се бањате, и наеднаш – оп, од нигде никаде, имате нагон за често мокрење, ве боли, пече и жари, и не знаете што да правите со себе.

Е сега, ако сте на одмор некаде кадешто има само една единствена аптека, а таму не даваат „Палин“ и други посериозни лекови без рецепт, не кревајте паника.

Има неколку природни начини на лекување кои, верувале или не, се многу ефикасни. Искуството е лично и е многу свежо. Вчерашно!

Ако не сте сигурни за што станува збор, сеедно, ќе одите на лекар подоцна, сега треба да се оспособите за да не го поминете целиот одмор на шолја или во кревет плачејќи.

Прво, одете и купете 2-3 главици лук и неколку пакетчиња сода бикарбона. Се разбира, ќе купите и увин чај, или чај од лист од мечкино грозје кој се употребува како лек за третман на уринарни инфекции, а уште подобро е ако најдете и сконцентриран сируп од истиот. (Постојат вакви сирупи на растителна база кои одат без рецепт дури и ако има само една единствена аптека).

За да биде ефикасен увиниот чај или овој сируп, треба да се постигне соодветна базна средина на урината. Како? Лесно. Растворете мала лажичка сода бикарбона во вода и испијте ја пред конзумирање на чајот. Избегнувајте намирници кои ја прават урината кисела, како што се витамин Ц, лимон или агруми, газирани напитоци и брусница која иако помага во третман на инфекции на уринарниот тракт, не треба да се конзумира заедно со увин чајот затоа што го поништува неговото делување.

И згора на сето ова, следува можеби и најважното: чај од лук. Звучи грозно? Епа не е толку грозно, особено ако имате ваков проблем. Тогаш би изеле или испиле и нешто мнгу полошо од чај од лук, верувајте!

Значи, стоплете 2 дцл вода. Исечкајте 3-4 чешниња лук и потопете ги со топла вода. Оставете ги 10-15 минути, исцедете, по желба додадете малку мед и испијте. Правете го ова два пати дневно. Душата ќе ви мириса на лук, ама ќе делува.

И секако, пијте многу вода.

Очекувајте драстично подобрување, од денес до утре. Но не престанувајте да се „тинтрате“ со овие бабини лекови барем 3 дена. Може да се врати.