„Албино“ патлиџан

Изгледа како грешка на природата, но всушност станува збор за понаков вид од вообичаените модри патлиџани. Можете да ги најдете на Зелено пазарче

0
312

Прво што ќе помислите ако досега не сте виделе бел „модар“ патлиџан е дека белата боја е грешка на природата. Всушност, станува збор за поинаков вид кој се нарекува јапонски патлиџан.

Овој јапонски патлиџан има бела боја и облик на јајце што го оправдува и називот
Eggplant, наспроти обичниот патлиџан кој има виолетова боја. Билката е многу плодна и ќе раѓа плодови се додека редовно ги берете. Понекогаш плодовите можат да бидат и бледо жолти, но тогаш имаат тенденција да бидат горчливи.
Инаку, белите патлиџани се повкусни од модрите и во себе немаат горчина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

3 + ten =