Александар Вучковски: Македонските вина се страв и трепет за странските винарии

0
1010

„Винодонија 2016“ е првиот вински настан од едукативен карактер во Македонија, чија цел е подигнување на винската култура во земјава и развој на нашиот вински регион“, рече Звонко Херцег, директор на скопскиот вински салон Винодонија на денешната прес конференција во хотелот Мериот.

Displaying
Винодонија 2016, настан кој организаторите планираат да прерасне во традиционален, ќе се одржи на 11 и 12 ноември во хотелот „Мериот“. Овој настан од едукативен карактер е прв од овој тип кој се одржува во земјава. Во рамките на настанот посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од над 30 винарии од Македонија но и од 9 странски винарии од неколку земји од Балканот. Ќе бидат одржани и 10 работилници на кои, помеѓу другото,  ќе се спаруваат вино и чоколадо и воопшто, одредено вино со одреден тип на храна.
Претседателот на здружението на Сомелиери на Македонија, Александар Вучковски истакна дека „Винодинија“ нуди вистински пристап кон виното, нешто кое кое не може да се добие на забавно-конзуматорските вински манифестации кои досега се организирани во Македонија.

Displaying
„Публикaта ќе има можност во пријатна, елегантна атмсофера да дегустира вино, да добие едукативни информации од енолозите и од луѓето кои се директно вклучени во производството на виното, и на тој начин да се запознае со најновите стилови и трендови во однос на виното“, рече Вучковски.
Интернационалниот вински судија, Ивана Симјановска информираше дека во рамки на салонот ќе бидат организирани и едукативни настани наменети не само за винската публика, туку и за претставниците на винската индустрија, кои ќе имаат можност да се запознаат со најновите дострели на винскиот маркетинг и со начините за зголемување на продажбата на вино во угостителскиот сектор.
Организаторите најавуваат присуство на големи и веќе познати, но и на помали, семејни винарии од  Македонија, како и винарии од Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Италија, кои пред македонската публика ќе се претстават со автохтони вински сорти и стилови. Според Вучковски, не било лесно да се обезбеди присуството на странските винарии со оглед на тоа што македонските вина се се уште страв и трепет за регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

two × one =