Јапонска вода: Едноставен начин да ги согорите мастите

Веројатно веќе сте испробале дел од диетите и рецептите за слабеење за кои сте прочитале досега, но овој е навистина едноставен и најважно од сѐ, не бара посебен диететски режим. Од него ќе добиете и бројни здравствени придобивки

0
1251

Интернетот е преплавен со безбројни диети, рецепти и лекови за слабеење, па веројатно веќе сте испробале некои и сте заклучиле дека дел од нив делуваат, а дел баш и не.

Еден рецепт се истакнува со својата делотворност и брзи резултати. Тоа е ѓумбировата вода, позната и како јапонска вода.

Станува збор за напиток кој помага да се стопат мастите дури и на оние места кадешто се особено проблематични, а тоа се стомакот, грбот и бедрата. Освен што придонесува за слабеење, добро ќе влијае и на целокупното здравје и ќе ве заштити од бројни болести со оглед на тоа што активната состојка на ѓумбирот има противвоспалителни својства.

Напитокот делува такашто го забрзува метаболизмот и му помага на телото во согорувањето на мастите, без штетни последици.

Освен придобивките за линијата има и низа поволни ефекти за здравјето.

Го нормализира крвниот притисок – редовното пиење на ѓумбирова вода придонесува за регулирање на крвниот притисок, а спречува и создавање на крвни згрутчувања за кои знаеме дека се смртоносни.

Го намалува настанувањето на инфекции – со векови ѓумбирот се користи против разни инфекции, вклучувајќи настинка и грип.

Има противвоспалително дејство – овие својста го прават идеален лек против воспалителни болести како артритис и гихт.

Ја подобрува циркулацијата – ѓумбирот има способност да ја зголеми циркулацијата главно поради присутноста на железо и цинк. Двата минерали можат да го подобрат протокот на крв и да спречат низа проблеми поврзани поврзани со лошата циркулација.

Ги намалува симптомите на настинка и грип – редовната консумација на ѓумбир го подобрува имунолошкиот систем.

Го регулира варењето – ѓумбировата вода ги елиминира проблемите со варењето, надуеноста, рефлуксот на киселината и запекот.

Ја олеснува болката во зглобовите – благодарение на противвоспалителните својства, консумирањето на ѓумбирова вода ја спречува болката во зглобовите.

Рецепт

Состојки:

1, 5 л вода

Неколку тенки ливчиња ѓумбир (најмалку 1 цм ѓумбир)

Малку сок од лимон

Приготвување:

Водата нека проврие а во меѓувреме излупете го ѓумбирот и исечете го на тркалца. Додадете го во зовриената вода и варете го додека не омекне. Тргнете ја водата од ринглата, оставете ја да се олади и додадете го сокот од лимон.

Фото: Pixabey