Аронија: успешно средство против рак на дебелото црево

Иако се римува со агонија, аронијата е всушност одлично средство кое може да ви помогне да се извлечете од агонијата во која ве вовлекуваат болестите, па е успешна во борбата со ракот, со крвниот притисок, срцевите болести, дијабетесот, но и со телесната тежина

0
270

Лековитите својства на аронијата се одамна познати, но колку повеќе се истражува, толку повеќе нејзини лековити својства излегуваат на виделина. Овие мали бобинки се полни со хранливи витамини и антиоксиданси, како што е витаминот Ц.

Ја подобрува циркулацијата и ги јакне крвните садови и го намалува ризикот од срцеви болести. Ја спречува појавата на дијабетес и други кардиоваскуларни заболувања.

Зрелите плодови од аронија содржат голема количина феноли, кои го дезинфицираат крвотокот и телото, а влијаат и на побрзо зараснување на раните.

Го одржуваат нормалниот крвен притисок на тој начин што спречуваат грчеви во крвните садови и го држат притисокот далеку од „опасната зона“.

Истражувањето спроведено во 2003.година покажало дека аронијата успешно се користи во борбата против рак на дебелото црево. Истражувачите од Универзитетот Охајо откриле дека овошјето со потемна боја може поуспешно да се бори против оваа болест.

Според истражувањето, пигментите добиени од црниот морков и ротквицата го забавиле растот на клетките на ракот од 50 до 80 отсто, а пигментите од аронијата убиле петтина од постоечките клетки на оваа болест.

Темните бобинки аронија содржат и голема количина каротен кој го спречува оштетувањето на очите и можноста од создавање катаракта. Исто така, аронијата е богата со флавоноиди, како што се лутеин и зеаксантин кои спречуваат чести воспаленија на окото (uveitis).

 

Аронијата помага и при регулирање на телесната тежина. Таа спречува создавање вишок од маснотии околу стомакот, а тоа е проблем со кој се соочуваат многу луѓе.

Аронијата има мал број калории и маснотии, а содржи и диетални влакна што ја прави една од најздравите овошки. Ако сакате да бидете сити и полни со енергија, а притоа и да се грижите за вашето здравје, препорачливо е редовно да консумирате аронија.

Патем, ако редовно консумирате аронија, можете да бидете сигурни дека настинката и грипот ќе ве заобиколуваат во широк круг. Имено, освен што одлично се бори против бактерии и вируси, аронијата го јакне и системот за имунитет.

Фото: Pixabey