Авганистански болани

Ова е традиционално авганистанско јадење кое го приготвуваат сите Авганистанци без оглед од кој дел на Авганистан. Станува збор за посебен вид на авганистански леб со фил од зеленчук,, на пример, сп праз, компири или спанаќ, а може да се полни и јогурт или со тиква.

0
145

Состојки:

За тестото:
250 г брашно
150 мл млака вода
Сол

За филот од компири и праз:
100 г црвен компир
100 г ситно сечкан праз (само белиот и светлозелениот дел)
Свежи листови од кориандер
1 чешне лук
Сол, бибер
Маслиново масло

Приготвување:

1. Сварете ги компирите и згмечете ги со вилушка. Празот пропржете го на малку маслиново масло колку малку да омекне.
2. Кога ќе омекне празот додадете му ги компирите и останатите состојки.
3. Тестото расукајте го во тенка кора и исечете го на еднакви квадрати. На половина од тестото ставете фил, а со другата чполовина поклопете го така за да добиете триаголен џеб од тесто. Печете го во рерна 20 минути на 200°C.
4. Традиционално, авганистанските болани се пржат во зејтин од секоја страна по отприлика 5 минути, а на улица се продаваат завиткани во хартија. Но поздраво е само да ги испечете. Поросете ги со сечкан кориандер и послужете со кисело млеко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here