Бајадери со фил од авокадо

Еве уште еден здрав, посен и вкусен десерт од нашата читателка Ана Радованац од Скопје

0
152

Состојки:

300 г кокос
200 г овесни снегулки
600 г урми
4 авокада
200 г ореви
100 г какао
3-4 лажици мед
Цимет

Приготвување:
Тесто: 
Кокосот и овесните снегулки се мелат во машина за мелење кафе. Се мелат (во мултипрактик или во супер сецко) 350 г урми и оревите. Се додаваат смелените кокос и овесни снегулки, малку цимет и медот растворен во млака вода. Се замсува средно меко тесто и се става во калап.
Фил:
4 авокада, 250 г урми и 100 г какао се блендираат се додека не се добие хомогена смеса. Смесата се распоредува врз тестото во калапот. Се остава да се стврдне во фрижидер, се украсува со рибизли или со боровинки и се сече.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here