Бананата, најдобар избор за почеток на денот

Банана, чаша млеко и парче интегрален леб или уште подобро, леб од банана, ќе ни дадат доволно енергија за целиот ден

0
879

Ова популарно овошје е едно од првите кое им се дава на децата, а препорачливо е и за возрасните бидејќи е вкусно, лесно за јадење и најважно, богато со многу корисни состојки.

Бананите се одличен оброк за почеток на денот. Ако наутро изедеме една банана со чаша млеко и едно парче интегрален леб или упте подобро, леб од банана, тоа ќе ни даде доволна енергија за почеток на новиот ден. Освен енергија, бананите ни помагаат да останеме во добра форма, а се одлични и како превенција на многу заболувања. Содржат и многу витамин Б6, кој го зајакнува природниот имунолошки систем. Истражувањата покажале дека со консумирање на само две банани дневно се обезбедува енергија доволна за 90-минутна напорна работа.

Бананите се добар извор на магнезиум кој има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој олигоелемент го регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек. Кај трудниците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.

Природен лек против нервозата и депресијата

Бананите содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонинот кој е одговорен за доброто расположение.

Природен лек против срцевите заболувања и високиот крвен притисок

Бананите се полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок. Калиумот е минерал кој помага во нормализирање на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Бананата е богата со калиум, а содржи малку сол, што ја прави совршен лек за оние кои имаат висок крвен притисок. Кога сме под стрес, нашиот метаболизам се забрзува, па нивото на калиум се намалува. Рамнотежата може да се врати со бананата.

Природен лек за слабокрвноста

Бананата е богата со железо и го поттикнува создавањето на хемоглобинот во крвта. Со тоа бананата помага при анемија, а калиумот од бананата ја поттикнува концентрацијата и помнењето.

Природен лек за гастритис и чир на желудникот

Бананата е единственото свежо овошје кое може да го земаат лицата со хронични болести на системот на варење, без да тоа предизвика некои последици кај нив. Напротив, бананата е корисна за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудочната киселината, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here