Бранч за мрзлив и дожделив ден

Ако на ваков дожделив ден ви е тешко да одите по леб, секогаш е тука оваа варијанта - проја во милион варијации

0
218

Состојки:

2 јајца

2 шолји пченкарно брашно

1/2 шолја бело брашно

1 прашок за пециво

3 лажици маслиново масло + 1 за подмачкување на тавата

1/2 китка свеж магдонос

оригано

100 г дробено кравјо сирење

1 шолја кисела вода

За прилогот:

павлака

дижон сенф

кочански домати

полнети маслинки

Приготвување:

Се матат јајцата па се додаваат прво сувите, а потоа и течните состојки.

На крајот се додава здробеното сирење, сечкан магдонос и оригано.

Смесата се истура во подмачкана тава и се пече на 200 степени 40 минути.