Брауни колач со грав

Грав и брауни на едно место! Станува збор за рецепт за кој ви треба блендер и максимум 10 минути за подготвување

0
304

Состојки:

250 г варен црвен грав

2 јајца

2-3 лажици кокосов шеќер

2 лажици сирово какао

100 мл кокосово масло

100 г црно чоколадо

Прелив:

250 мл павлака

2 лажици мед

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170°

Гравот добро измијте го и исушете го.

Чоколадото и кокосовото масло стопете ги на пареа и оставете ги да се изладат.

Во блендер ставете ги гравот, јајцата, шеќерот, какаото и изладената смеса од чоколадо и кокосово масло.

Сѐ заедно мешајте додека не добиете густа еднолична смеса.

Обложете мал калап за торта со хартија за печење, префрлете ја смесата и ставете ја во рерна.

Печете околу 30 минути и оставете го колачот да се олади.

Во сад измешајте ги павлаката и медот и послужете заедно со парче брауни колач.

loading...