Брз појадок, мезе, предјадење, ручек, вечера

Ако ве навјасаат неколку пријатели наеднаш, еве одлична идеја како набрзина, уште додека го пиете кафето на вашата кујнска маса муабетејќи си со нив, како што тоа го направи нашиот домаќин Диме, спремете им ги овие солени корпички со различно полнење, по желба на гостите

0
386

Ова е одлична идеја за брз појадок, ужинка или мезе, а зошто да не, и за ручек или вечера, за кои не ви треба ниту многу време, ниту многу труд, а можете да ги направите додека си го пиете кафето.

Состојки:

Калапи за мафини

Неколку кори за пита

малку путер или масло за подмачкување на калапите

неколку лажици ситно сирење ии урда

1 кисела павлака

2 јајца

по желба, лук

спанаќ или некој сувомеснат производ (во зависност од тоа дали сакате повеќе зеленчук или месо)

Приготвување:

Исечете ги корите на квадрати и ставајте ги во калапите за мафини со тоа што претходно ќе ги премачкате со малку путер или масло за да не ви се залепат.

Помешајте ги овие состојки или некои други, по ваша желба и наполнете ги корпичките.

Печете ги на 170 степени околу 20 минути и уживајте.