Брза пита со рикота и шери домати

Сезонски намирници во кремава, солена пита ќе биде полн погодок за мрзеливите летни попладниња.

0
159

Се што ви треба за оваа пита се едноставни, базични состојки и зачини по желба. Се подготвува за 10 минути додека печењето ќе ви одземе околу 20 минути. Питата со рикота и шери домати е идеална за летните денови, особено ако имате однапред подготвено тесто. Ако немате, можете да употребите и замрзнато купечко лиснато тесто.

Состојки:

200 г шери домати

250 г рикота (урда)

50 г рендан кашкавал

2 чешниња лук

1 јајце

Босилек

Сол, црн пипер

Маслиново масло

Лиснато тесто (може и кори за пита)

Приготвување:

Во сад измешајте ги рикотата, ренданиот кашкавал, јајцето и згмечените чешниња лук. Додадете сол и црн пипер и добро измешајте ги состојките. Шери доматите измијте ги и преполовете ги. Еден лист од лиснатото тесто ставете во тепсија, премачкајте го со маслиново масло, па врз него ставете друг лист. Повторете го тоа со трет лист, а делот кој останува од страните, превиткајте ги кон внатрешната страна на тепсијата. Тестото премачкајте го со смесата со рикота, a потоа наредете ги доматите. Попрскајте со маслиново масло па ставете ја да се пече и ставете одозгора ливчиња свеж босилек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here