Брзата, нездрава и мрсна храна драстично ја намалува плодноста кај мажите

Се смета дека мажот кој има помалку од 30 милиони сперматозоиди по ејакулат или 15 милиони по милилитар има проблем кој може да се изрази преку потешкотии при оплодувањето на јајце клетката.

0
72

Најновото истражување на научниците од Харвард сугерира дека брзата храна и енергетските пијалоци влијаат на намалување на бројот на сперматозоиди кај мажите.

Посебно се истакнува дека бројот на сперматозоиди кај мажите на Запад кои се хранат со типична масна храна е во просек помал за 25,6 милиони, а во однос на мажите кои се хранат со риба, пилешко, овошје и зеленчук. Се смета дека маж от кој има помалку од 30 милиони сперматозоиди по ејакулат или 15 милиони по милилитар има проблем кој може да се изрази преку потешкотии при оплодувањето на јајце клетката.

Се истакнува дека просечниот број на сперматозоиди на мажите во САД, Европа и Австралија во последните 40 години паднал за 59 отсто. Причина за тоа е, веројатно, помалку квалитетната исхрана. За да се влезе во трага на влијанието на храната врз бројот на сперматозоиди, научниците го истражиле однесувањето на 3.000 мажи кои помеѓу 2008. и 2017.година поминале воени медицински тестови. Исхраната со пилешко, риба, зеленчук и овошје е поврзана со најголем број на сперматозоиди. Потоа следуваат мажи кои практикуваат вегетаријанска исхрана, а потоа оние кои сакаат процесирано месо, житарки, мајонез и млечни производи. Исхраната со црвено месо, чипс и други производи полни со маснотии е поврзана со најнизок број на сперматозоиди. Мажите кои често јадат таква храна имаат за 8,8 и 42,3 милиони помалку сперматозоиди од оние кои ја избегнуваат западната брза храна.

Фото: Pixabey