Брзи домашни крекери од само 3 состојки

Кога ви се грицка нешто солено, а не ви се оди во продавница, имаме одличен едноставен и брз рецепт.

0
472

Сите состојки за овие брзи крекери сигурно ги имате дома, а можете да ги подготвите за само 20 минути. Поросете ги со крупна сол и со сусам, грицкајте и уживајте.

Една шолја во рецепт се однесува на мерка од 250 мл.

Состојки:

1 шолја брашно (можете да ставите пола шолја интегрално брашно)

Малку помалку од пола шолја вода

Прстофат сол

Приготвување:

  1. Замесете тесто од состојките, а ако ви е премногу тврдо, додадете вода.
  2. Расукајте го што потенко за да добиете крцкави тенки крекери. Исечете ги во саканите облици, избоцкајте ги со вилушка и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here