Брзо и здраво

Кога сакате нешто брзо, нешто здраво и нешто вкусно, салатата со зеленчук, авокадо, грав и кус-кус е тоа што ви треба

0
237

Состојки:

Кус-кус

1-2 моркови

конзерва грав

1/2 виолетов кромид

1 авокадо

сок од лимон

магдонос или босилек

маслиново масло по желба

Приготвување:

Ставете го кус-кусот во зовриена вода и почекајте да се упие водата. Зачинете и ставете го во сад.

Изрендајте ги морковите. Исечкајте ги кромидот и авокадото. Помешајте ги сите состојки во една чинија. Додадете сок од лимон по желба, свеж магдонос и евентуално, маслиново масло.