„Буда сад“

Овој тренд на подготвување на храна во еден сад чија зимска верзија се нарекува уште и Buddha bowl, според Пинтерест, ќе биде еден од хит трендовите во 2017 година.

0
188

Она што е добро е што на овој начин добиваме комплетен оброк од една посатка, а можете да го подготвите за вечера и она што ќе ви остане да си го понесете следниот ден на работа. Вообичаени состојки на овие здрави оброци се брокула, киноа, морков, цвекло, авокадо, бадеми, лешници, сусам, лен, а оние кои не можат без месо, можат да си додадат и варено пилешко или мисиркино месо.

Еве го нашиот предлог за денес:

Состојки:

300 г брокула, распарчена на цветчиња и сварена на пареа

200 г киноа, сварена и исцедена

3 моркови, рендани

1 авокадо, исечено на парчиња

Сол

Сок од пола лимон

Неколку лажици таан

100 г наут од конзерва или сварен дома па исцеден

1/4 виолетова зелка, рендана

100 г сварена тиква исечена на коцки

Приготвување:

  1. Прво сварете ја киноата со вода и малку сол (на 1 шолја киноа се става 1 ипол шолја вода) и се вари околу 15 минути. Исцедете го вишокот вода и оставете ја да се олади. Таанот помешајте го со сокот од лимон и малку вода и додадете малку сол и бибер.
  2. Во еден сад ставете ги киноата, и останатите состојки и се прелијте со подготвениот таан со сок од лимон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

12 + 4 =