Чоколадна кралица

Вкусна и полна со чоколадо, ќе ве освои за миг

0
633

Состојки:

8 јајца
200 г кафеав шеќер
100 мл зејтин
300 г црно чоколадо
½ прашок за пециво

Крем

400 г црно чоколадо
500 слатка павлака

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Изматете ги белките во цврст снег
3. Во жолчките додадете шеќер и добро измешајте. Додадете ги зејтинот и прашокот за пециво. Се заедно измешајте уште еднаш.
4. Стопете го чоколадото на тивок оган и помешајте го во остатокот од смесата.
5. Полека додадете го снегот од белки и се добро измешајте. Ставете во калап и печете 40 минути.
6. За кремот, истопете го чоколадото на тивок оган, а павлаката изматете ја во цврст шлаг. Додадете го изладеното чоколадо и добро измешајте.
7. Кога тестото ќе се олади, ставете го одозгора кремот.
8. Чувајте ја тортата во фрижидер.