Чоколадна лазања без печење

0
199

Состојки:
36 колачиња „орео“
6 лажици путер, стопен
250 гр крем сирење
¼ шолја шеќер
2 лажици ладно млеко
2 кесички чоколаден пудинг
3 ¼ шолји ладно млеко
1 шолја мини чоколаден чипс
300 г цврст шлаг

Приготвување:
1. Ставете ги колачињата „орео“ во најлон кеса и скршете ги со сукало така што ќе поминете со сукалото врз кесата. Додадете го стопениот путер и добро измешајте. Притиснете ја смесата на дното од тавата и ставете ја во фрижидер 5 минути.

2. Изматете го крем сирењето додека стане кремаво. Додадете 2 лажици млеко и шеќер. Измешајте убаво и додадете една шолја од цврстиот шлаг и размачкајте ја смесата врз кростатата. Ставете го фрижидер уште 5 минути.

3. Во друг сад измешајте ги пудингот и ладното млеко додека се згуснат. Потоа сипете го врз слојот од крем сирењето. Повторно ставете го во фрижидер уште 5-10 минути.

4. На крајот ставете го остатокот од шлагот врз чоколадното ниво и украсете со чоколаден чипс. Оставете ја лазањата во фрижидер 3-4 часа пред да ја сервирате.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

two + 11 =