Чоколадна пена 

0
960

Состојки:
(6 порции)
150 г темно чоколадо без млеко (плус еден дел за декорација)
2 големи и зрели авокада
2 лажици какао
2 лажички ванила
3 лажици јаворов сируп
1 конзерва од 160 г крем од кокос

Приготвување:
1. Искршете го чоколадото на парчиња и стопете го на пареа. Ставете огноотпорен сад врз тенџере со врела вода и внимавајте садот да не ја допира водата. Чоколадото ставете го во садот. Стопеното чоколадо оставете го да се излади.

2. Во меѓувреме, излупете ги и пресечете ги авокадата на половина, па изблендирајте ги. Додајте ги во блендерот и останатите состојки и изблендирајте убаво.

3. Во блендираната смеса додајте го изладеното чоколадо и повторно изблендирајте додека да добиете мазна и кремаста смеса. Сипете ја смесата во 6 мали садови и оставете ги во фрижидер барем половина час. За да послужите, изрендајте одозгора малку чоколадо и додајте свежо овошје по желба.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

18 − thirteen =