Чоколадна торта со бомбици

0
277

Кој може да ѝ одолее на чоколадната торта?

Состојки:
За тортата
200 г брашно
1 лажиче сода бикарбона
125 г темно чоколадо
100 мл растително масло
100 мл вода
2 јајца
405 г кондензирано млеко
1 лажиче екстракт од ванила

За преливот
100 г темно чоколадо
50 мл павлака
25 гр путер
2 лажици какао во прав за посипување

Приготвување:
1. Ќе ви требаат два калапи за торта.
2. Загрејте ја рерната на 180C.
3. Помешајте ги брашното и содата во голем сад. Растопете го чоколадото на тивок оган или во микробранова печка. Додадете ги останатите состојки за тестото и мешајте додека не добиете компактна смеса.
4. Направете дупче во средината на брашно и ставате половина од чоколадната смеса. Измешајте добро а потоа додадете ја другата половина и мешајте додека не добиете мазна смеса.
5. Истурете ја смесата во калапите за печење и печете околу 25 минути. Извадете го тестото и оставете го да се излади целосно.
6. Во меѓувреме, направете ги преливот и бомбиците. Павлаката и чоколадото ставете ги во тенџере на тивок оган или во микробранова печка додека павлаката не се стопли, а чоколадото не почне да се топи. Мешајте ги додека не се соединат, а потоа ставете ја смесата во фрижидер додека не се стврдне.
7. Ставете го какаото во голем сад, обликувајте 16 бомбици и извалкајте ги во какаото за да се покријат.
8. Залепете ги тестата со чоколадниот прелив, а со остатокот премачкајте. Украсете со бомбиците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

one × four =