Чоколадна торта со круши

За сите оние кои сакаат круши а немаат идеја како да ги употребат во некој десерт, еве рецепт за вкусна чоколадна торта со лешници и сочни круши.

0
258

Состојки:

85 г путер
85 г шеќер
85 г црно чоколадо
1 лажица ракија
3 јајца
85 г мелени лешници
4 излупени и преполовени круши.

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Садот за печење ( 25 cm) обложете го со хартија за печење која ќе ја намачкате со путер и ќе ја поросите со шеќер.
2. Стопете ги чоколадото и путерот на тивок оган. Додадете ја ракијата и оставете да се олади.
3. Изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете ја оладената смеса со чоколадо и мелените лешници.
4. Изматете ги белките па полека помешајте ги во чоколадната смеса.
5. Ставете ја смесата во садот за печење. Крушите наредете ги одозгора и печете 40 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here