Cloud bread

Овие вкусни домашни лепчиња без глутен се познати во светот веќе подолго време. Станува збор за меки лепчиња кои кога ќе ги гризнете имате чувство како да сте гризнале облак. Ако се уште не сте слушнале за нив, задолжително пробајте ги. Можете да ги јадете и со солени и со благи комбинации. Со оглед на својата популарност, овие лепчиња добиле дури и свој хаштаг на Инстаграм (#cloudbread).

0
241

Состојки:
3 јајца, одвојте ги жолчките од белките
¼ лажичка прашак за пециво
60 г крем сирење
1 лажица кафеав шеќер

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 170 степени.
2. Измешајте ги белките со прашпакот за пециво во цврст снег (додека не почнат да се прават мали врвови од снег)
3. Жолчките, сирењето и шеќерот измешајте ги во друг сад, а потоа додадете им го снегот од белки и полека измешајте додека смесатра не се соедини.
4. Вадете од смесата со лажица и ставајте на хартија за печење, обликувајќи околу 6 парлиња леб.
5. Печете ги околу 30 минути.
6. Ако сакате, пред печењето израмнете ги со лопатка или оставете ги такви какви што се за да добијат малку распукан изглед.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here