Цвекло за ладните денови

Најздрав е кога е свеж, додека со термичка обработка подолго од 15 минути, ги губи своите нутритивни вредности. Покрај витамин Ц, го содржи и реткиот витамин B12, како и речиси сите минерали – калциум, калиум, натриум и фосфор.

0
163

На листата на омилени зеленчуци, цвеклото најчесто не се наоѓа на високо место, но потребно е да се јаде почесто. Помага за лекување на слабокрвноста кај децата и младите, затоа што содржи висок процент на железо, како и фолна киселина која учествува во синтезата на црвените крвни зрнца.

Цвеклото е вистински магацин на корисни супстанции. Богата е со состојки кои се добри за кожата и за косата, но и со витамини и минерали кои го активираат метаболизмот, прочистуваат и ги отстрануваат токсините. Калориската содржина на цвеклото е 42kcal на 100 грама.

Овој зеленчук може да се консумира во било кој вид: сиров, варен, печен. Најздрав е кога е свеж, додека со термичка обработка подолго од 15 минути, ги губи своите нутритивни вредности. Покрај витамин Ц, го содржи и реткиот витамин B12, како и речиси сите минерали – калциум, калиум, натриум и фосфор.

Навикнати сме да го јадеме само црвениот корен од цвеклото. Иако е тој најздрав, не треба да се занемарат ни зелените лидстови. Содржат бетакаротен, калциум и железо, а можат да се приготват како блитвата и спанаќот.

Прв ден

Појадок: шолја кафе без млеко или чај, два тоста

Ручек: салата од цвекло, малку варен ориз, 150 г пилешко

Вечера: рендано јаболко, морков и цвело.

Втор  ден

Појадок: јогурт со ниска содржина на масти, два тоста

Ручек: печено цвекло, парче варено говедско, рен

Вечера: два киви

Трет ден

Појадок: зелен чај, два тоста

Ручек: салата од цвекло, печена риба

Вечера: варен зеленчук

Четврти ден

Појадок: јогурт со додаток на житарки

Ручек: грав, 150 г цвекло

Вечера: салата од зеленчук

Петти ден

Појадок: чај или кафе без млеко, варено јајце, тост

Ручек: салата од моркови и цвекло, варен ориз

Вечера: зеленчук на жар

Фото: Pixabey