Дали би пуштиле туѓинци во својот дом да ви го наполнат фрижидерот?

Најновата услуга на најголемиот американски трговски синџир „Валмарт“ им овозможува на доставувачите влез во куќата на лицата кои ги нарачале производите, како и ставање на тие производи во фрижидерите

0
56

Со новата услуга на „Валмарт“ услугата InHome Delivery, домашната достава добива целосно ново значење. Додека досега под домашна достава се мислеше на производите што ги нарачуваме преку интернет и кои доставувачите ни ги носат на врата, а ние ги преземаме, новата услуга се однесува и на достава на производите кога сопствениците не се дома. Тогаш на доставувачите им се овозможува влез во нивниот стан или куќа за да им ги остават намирниците во фрижидер.

Услугата е овозможена само на одредени пазари и на корисниците со паметни брави на вратите кои овозможуваат еднократен пристап на лицата со шифра. Кога доставувачите ќе се појават на врата, преку апликација ја отклучуваат вратата (значи, имаат само еднаш прав на пристап, нема да можат да се вратат повторно или да им овозможат пристап на други лица во куќата, одат до фрижидерот и го полнат со намирници.

За сопствениците да бидат сигурни дека доставувачите нема да им шетаат низ куќа, нешто да им украдат или да снимат, цело време ќе носат камера и ќе го снимаат својот пат од влезната врата до фрижидерот и назад. Сопствениците на куќи станови ќе можат тоа да го гледаат во живо преку мобилен или пак дополнително да ја прегледаат снимката и да се уверат дека е храната доставен во фрижидерот, а нивниот дом безбеден.

Доставите ќе можат да ги носат лица кои работат најмалку една година во локалните продавници на „Валмарт“, а освен во домовите, намирниците ќе можат да се носат и во гаражи. На пазарите на кои е оваа опција достапна корисниците ќе можат преку интернет да ги нарачаат намирниците и на крајот да назначат на кој начин сакаат да им се изврши доставата додека не се дома.

Фото: Pixabey