Дали хималајската сол е подобра од обичната?

Моментално нема никакви научни докази дека хималајската сол е подобра или полоша од обичната кујнска сол, пишува порталот „Докази во медицината“.

0
810

Луѓето го сакаат вкусот на солта која некогаш, во минатото, била многу скапа па луѓето ја купувале за еднаква количина на злато. Оттука и празноверието дека е несреќа да се растури сол – тоа се сметало за голема несреќа, пишува научно-докторскиот тим на порталот Докази во медицината.

И додека денеска врз основа на докази од контролирани експерименти се знае дека намаленото внесување на сол е благотворно за организмот, се појавуваат и разни тврдења според кои некој видови на сол се поздрави од некои други. Тука доаѓаме до розевата химaлајска сол која се добива од рудникот за сол во пакистанскиот регион Пунџаб, за која се тврди дека е „природна“ за разлика од „преработената“.

За химaлајската сол се тврди дека е „најчиста сол на светот“, дека има „совршена кристална структура“ и дека содржи 84 минерали и елементи.

Што се се тврди за химaлајската сол?

Се тврди дека помага кај проблеми со синусите, грлото, астмата и бронхитисот, го регулира нивото на вода во организмот, го снабдува организмот со вредни нутриенти, го исфрла вишокот на киселини од клетките, дека е природен антихистаминик, ги чисти белите дробови, ја поттикнува здравата дишна функција, го намалува затнувањето на синусите, го регулира варењето, го јакне либидото, помага во апсорпција на храната во цревата, го регулира нивото на шеќер во крвта, ја регулира работата на срцето и крвниот притисок, го чува здравјето на крвните жили, ги штити бубрезите и жолчниот меур, помага за опуштање и за здрав сон, спречува грчење на мускулите и ги одржува коските цврсти, го подмладува организмот. Понатаму, се тврди дека со загревање химaлајската сол го јонизира воздухот и го прави почист и поздрав, па заради тоа од парчиња химaлајска сол се изработуваат популарните светилки и свеќници. Исто така, се тврди дека ги елиминира штетните електромагнетски зрачења па светилките од химaлајска сол е препорачливо да се чуваат покрај телевизорот и компјутерот.

Докази од клинички експерименти за химaлајската сол

Со пребарување на научната литература не се најдени никакви студии за химaлајската сол. Такашто, сите тврдења за дејството на химaлајската сол и за тоа дека е подобра од обичната кујнска сол не се темелат на никакви научни докази. Можат да се најдат тврдења дека се направени две двојно-слепи контролирани студии за дејството на химaлајската сол, но такви студии не можат да се најдат во литературата.

За составот на химaлајската сол

На интернет можат да се најдат  резултати од спектралната анализа на химaлајската сол, што е веројатно изворот од кој доаѓа тврдењето дека има 84 минерали и елементи. Дури и ако е таа анализа точна, за здравјето е безначајна, а потенцијално е и загрижувачка. Тука количината на минерали е многу мала за да прави некаква разлика во однос на здравјето затоа што човекот и онака добива доволна количина минерали во трагови од другата храна. Ако го прочитате тој попис од 84 „минерали и елементи“ ќе воочите дека вклучува и низа радиоактивни материи како што се радиум, уран и полониум. Исто така, содржи материи кои можат да делуваат како отрови, на пример, талиум. Но тие количини се многу мали, но ако некој може да верува дека занемарливо малите количини „добри минерали“ во химелајската сол се добри за човековото здравје, зошто не верува дека занемарливите количини на итрови и радиоактивни материи се лоши за здравјето?

Заклучок

Тврдењето дека розевата химaлајска сол содржи 84 минерали и елементи е можеби точно, но тврдењето дека има некакво влијание врз човековото здравје е неоснована теорија се додека не се потврди спротивното со правилни клинички студии. Моментално нема никакви научни докази дека химaлајската сол е подобра или полоша од обичната кујнска сол.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here