Дали и вие го обвинувате вашиот метаболизам за вишокот килограми?

Многу луѓе за својот вишок на килограми го обвинуваат бавниот метаболизам. Но што значи всушност тоа и дали навистина мислите дека е возможно да се забрза со луто пиперче и јаболков оцет?!

0
365

Метаболизмот е количина на енергија или калории кои му се потребни на нашето тело за да ги извршува важните функции. Колку е метаболизмот побрз, побрзо согоруваат и калориите и се губат килограмите, додека бавниот метаболизам значи побавно согорување на калориите, а вишокот се таложи како масти.

Значи, за да го забрзате метаболизмот и за да ослабнете, морате да согорувате повеќе калории.

Активирајте се

Најочигледното решение е да ја зголемите физичката активност. Во ред, не е никаква тајна дека вежбањето ќе ви помогне да ослабнете, но она што можеби не го знаете е дека на вашето тело ќе му требаат повеќе калории во тој процес на изградба на мускули. Со други зборови, не само што ќе ослабнете, туку и ќе можете да јадете малку повеќе.

„За најефикасна помош во трошењето на калориите правете аеробни вежби или вежби на снага. Тоа го зголемува согорувањето на калории во текот и после вежбањето“, вели нутриционистката и диететичарка Хелен Бонд. Таа додава дека е важно да правите и вежби за сила затоа што кревањето тегови и користењето на сопствената тежина на телото помага во изградбата на мускулите.

„Колку повеќе мускули имате, толку ќе ви биде побрз и метаболизмот, па побрзо ќе ги согорувате калориите, дури и во состојба на одмор“.

Митови

Иако често се зборува за „супер храна“, нутриционистката Хелен вели дека за жал, не постои никаква чудесна намирница за забрзување на метаболзимот. Таа истакнува дека е најважно да е храните здраво, да имате балансирана исхрана и не е премногу рестриктивна кога станува збор за калории.

„Лабораториските студии покажале дека консумирањето на чили пиперчиња, зелен чај, грејпфрут, ѓумбир, кафе и црн пипер го забрзуваат метаболизмот. Но во пракса овие намирници немаат баш многу врска со губитокот на килограми“.

Нутриционистката советува да не сте премногу рестриктивни кога станува збор за калориите затоа што е важно да внесете толку колку што му е на телото потребно во состојба на одмор.

„Балансираната исхрана е важна затоа што често поради недостигот на нутриенти немате доволно енергија за вежбање“, додава таа.

Општа препорака е жените да внесуваат околу 2 000 калории дневно, а мажите околу 2 500. Но во зависност од староста и физичките активности, тој број на потребни калории може да варира.

Зачинете ја храната

Додавањето на лута мелена пиперка во храната малку ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да согорите повеќе калории.

Научниците веруваат дека капсаицинот, главната состојка на лутото пиперче го стимулира метаболизмот и го загрева телото. Студијата спроведена во 2011.година покажала дека луѓето побрзо ги губат килограмите ако консумираат луто пиперче, а истражувањето од 2014. Покажало дека ова пиперче не дрѓи подолго сити и ја спречува ненадејната желба за храна.

А што е со јаболковиот оцет?

Веќе со години наназад се зборува дека пиењето јаболков оцет наутро го забрзува метаболизмот, но не е баш така.

Нутриционистката вели дека јаболковиот оцет можеби може малку да помогне затоа што ве држи подолго сити и го регулира нивото на шеќер во крвта. Овој оцет докажано ја намалува брзината со која глукозата или шеќерот доспеваат во крвотокот и со тоа го снижуваат нивото на шеќер во крвта.

Други истражувања покажале дека јаболковиот оцет може малку да го намали апетитот и да помогне при варењето, но…

„Не можете едноставно да пиете јаболков оцет и да јадете што сакате, колку сакате и да се надевате дека ќе делува како волшебна пилула за слабеење. Студиите покажале  дека можеби ќе ја намали желбата за храна и ќе ве држи подолго сити, што значи дека помалку ќе имате потреба од грицки и ќе бидете помалку склони кон прејадување“, објаснува диететичарката Сара Флауерс.

Фото: Pixabey