Дали и вие погрешно ги јадете јагодите?

Сега е сезоната на јагоди, па иако се полни со антиоксиданти и многу важни за здравјето на срцето, не претерувајте, можат да бидат погубни за забната глеѓ

0
684

Јагодите се богати со антиоксиданси и се многу важни за здравјето на срцето. Содржат витамин Ц, калиум, влакна и многу малку калории. Меѓутоа, ако претерате, можат да бидат погубни за забната глеѓ.

Многу намирници, вклучувајќи ги тука и јагодите, богати се со фолна киселина, а редовното консумирање на кисели намирници може да доведе до ерозија на забите. Станува збор за состојба која го уништува заштитниот слој на глеѓ на нашите заби. Кога еднаш ќе ја загуби забната глеѓ, таа не се обновува и тоа може да доведе до бројни здравствени проблеми со забите, а во најлош случај и до нивно губење.

За среќа, постојат одредени работи кои можете да ги направите за да ги заштитите забите:

Јадете паметно.

Спарете ги јагодите со намирници кои не се кисели и имаат низок процент на шеќери. Оревите, спанаќот, бананите, јаболките и млечните производи се одличен избор.

Не ги јадете постојано во текот на денот.

Почекајте неколку часа откако ќе јадете јагоди за плунката да ја неутрализира киселината и да ја поправи глеѓта.

Иплакнете по јадењето.

Испирањето на устата со вода ја неутрализира киселината.

Не ги мијте забите

Абразивите во пастата за заби можат дополнително да ја ослабнат забната глеѓ. Затоа, почекајте барем 30 минути пред да ги измиете забите.

Фото: Pexels.com