Дали редовно користите црвен пипер во готвењето?

Слаткиот мелен пипер се добива со сушење и мелење на црвена пиперка, а освен што ѝ дава на храната богат вкус, има и многубројни лековити, па дури и антиканцерогени својства

0
713

Веројатно често го користите, но дали знавте дека влијае на здравјето на крвта, очите и спречува оштетувања и воспаленија во телото.

Слаткиот мелен пипер се добива со сушење и мелење на црвена пиперка, а освен што ѝ дава на храната богат вкус, има и многубројни лековити својства.

Содржи витамин Е, бета каротен, лутеин и зеаксантин, што го прави одличен лек за здравје на очите и за зачувување на видот. Истражувањата покажале дека консумирањето на мелен пипер го намалува ризикот од дегенеративни болести на очите, катаракта и старечко слепило.

Познато е и дека содржи и капсаицин, компонента која ги регулира воспаленијата во организмот и позитивно влијае на системот на органи за варење.

Истражувањата покажуваат дека овој зачин го зголемува нивото на добриот холестерол во крвта и така го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Студиите покажале дека хранливите материи кои ги содржи пиперката (лутеин, бета каротен и зеаксантин) успешно го победуваат оксидативниот стрес кој го зголемува ризикот од појава на карцином.

Исто така, капсаицинот го намалува ризикот од појава на малигни клетки, па затоа се смета дека мелениот пипер има антиканцерогено дејство.

Покрај наброените бенефити, мелениот црвен пипер го регулира нивото на шеќер во крвта, содржи железо и витамин А и со самото тоа е одличен за здравјето на крвотокот, а слободно можете да го користите и во текот на диетата.