Дали сте за дива храна?

Дознајте кои се предностите на дивата храна и дали е таа подобра од обичната, па дури и од органската храна во вашата градина? Коприви, печурки, глуварче, див лук, … Дознајте кои се предностите на дивата храна и како да ја вметнете во поголеми количини во својата исхрана.

0
108

Дивата храна постои ширум светот и е пристапна за сите. Секако, мора да ги познавате основите на берење и собирање за да можете да се впуштите во „дивата приказна“.

Правилата се речиси исти и кога станува збор за собирање лековити билки, а тоа значи: се берат само чисти билки, далеку од улиците, патиштата и загадувањето, информирајте се за видовите (за да не наберете отровни), информирајте се за начинот на берење (дали е јадлив цветот, стебленцето или целата билка), … Најдобро е за почеток да се вклучите во некоја група на извидници, собирачи на печурки, кампери, кадешто со помош на стручни луѓе и преку дружење во природа ќе ја запознаете подобро дивата храна.

Следете неколку основни совети: Запознајте ја околината во која планирате да барате дива храна, разговарајте со локалното население, многу цвеќиња се јадливи (глуварче, рози, …), не берете во загадени места, боровинките и јаткастите плодови се преполни со нутриенти и антиоксиданси.

Имајте на ум дека не е добро комплетно да го исчистите подрачјето, односно, да соберете сė. Оставете им нешто и на другите. Наберете само колку што ви е потребно.

Од дамнина луѓето консумирале дива храна, но и ја користеле во медицински цели. Богата е со витамини, минерали и други нутриенти потребни за човечкиот организам.

Предностите на јадењето дива храна се бројни:

Бесплатна е, генетски е посилна од другата храна (дури и од органската), подолгиот корен кај овие билки значи и дека се поотпорни на суша, обично имаат многу повеќе хранливи состојки од храната и зеленчукот кое го купуваме во маркетите; доколку јадете локална дива храна, докажано е дека тоа поволно влијае на вашиот имунитет, а самото берење и собирање на дива храна подразбира и престој во природа, со што добивате и други придобивки.

Дивата храна, во повеќето случаи е подобра и од онаа која јаодгледувате во вашата градина, дури и ако е органска. Дивиот лук на пример, е многу поздрав од обичниот лук.

Фото: Pexels