Дали сте за еден џин-тоник?

Љубители на џин-тоник, знаете ли дека овој пијалок е корисен за здравјето и ги топи килограмите? Ако не сте знаеле, плодовите од смрека кои се основна состојка на џинот се познати по своите корисни својства.

0
314

Литванските научници докажале дека џинот е корисен за здравјето и го забрзува согорувањето на калории.

Основна состојка на џинот се плодовите од смрека и токму поради нив џинот има корисни својства. Само 1 час откако ќе го испиеме коктелот телото почнува да ги согорува калориите благодарение на забрзаниот метаболизам.

Плодовите од смрека се богати со антиоксиданси и делуваат како природен диуретик. Во една чаша џин има само 67 калории кои брзо потоа согоруваат благодарение на стимулирањето на метаболизмот.

Тие се меѓу универзалните средства кои се користат против надуеност на стомакот. Исто така го намалуваат воспалението на артериите. Меѓутоа, најинтересно е тоа се покажало дека овој пијалок го забрзува метаболизмот до 17 проценти. Плодовите од смрека се познати и како природен лек против инфекции, кашлица, запек и бубрежни проблеми. Антиоксидансите во него помагаат и за пополнување на брчките. Некои тврдат дека џинот може да помогне и во борбата против ракот.

За да не се изгубат корисните својства на џинот потребно е да не го мешате со тоник кој содржи многу кинин или шеќери. Најдобро е џинот да се пие разреден со диететски напиток, а за да се добие единствен мирис и уште поголеми корисни својства, додадете во коктелот рузмарин, босилек или парче краставица.

Фото: Pixabey