Дали ви здосадија оние светнати восочни јаболка?

Се уште ги има оние мали слатки сочни јаболчиња кои можеби и не изгледаат толку совршено како овие восочните, ама се барем илјада пати повкусни

0
161

Јаболките кои сѐ почесто може да ги најдеме на пазарите и во маркетите изгледаат навистина совршено. И се навистина совршено отровни, баш како она што ѝ го дадоа на Снежана (мислам на Снежана од бајката „Снежана и седумте џуџиња“).

Но дури и кога не изгледаат толку совршено и не се прскани толку многу, заборавете на она дека е довочно да го избришете јаболкото од пантолоните и да го загризете. Од бербата до вашиот дом јаболкото минува пат на кој може да дојде во контакт со разни патогени и потенцијално опасни микроорганизми. Меѓу најопасните се ешерихија коли, салмонела, листерија и норовирус, кои можат да поттинат рани здравствени проблеми од проливи па до застој на бубрезите и инфекции на уринарниот тракт. Но тоа не е единствениот проблем. Јјаболките паѓаат на земја и можат да дојдат во контакт со животински измет.

Немојте да мислите дека органските бактерии се имуни на овие бактерии – заради својата порапава површина бактериите можат уште полесно да дојдат до внатрешноста на вашето јаболко.

Сепак, добрата вест гласи дека сѐ уште не се забележани случаи во кои некој се разболел поради бактерии на јаболката.

Исто така, ако сте на брзање, нежно бришење на јаболкото со марамче или крпа би требало да биде доволно, иако препораката е секогаш (кога можете) да ги измиете сите земјоделски плодови пред нивната консумација.