Дејан Карапеев и македонската кујна на Kitchen TV

0
886

Единствениот проект во регионот кој е во целост посветен на готвењето, исхраната, туризмот, културата, традицијата, но и едукацијата за здравите животни навики – Kitchen TV емитува 24.часовна програма, која се состои од повеќе од 40 серијали со околу 4 000 епизоди.

За Kitchen TV снимаат повеќе од 40 готвачи – автори на емисии. Земајќи предвид дека овој дел од Европа е простор кој е близок по јазикот, културата, менталитетот и дека народите од регионот ја делат кулинарската традиција, императив на уредувачката политика на оваа телевизија е на гледачите да им понуди содржина која ќе ги промовира сите локални специфичности.

Токму тоа беше и задачата на нашиот Дејан Карапеев кој вечерва го заврши снимањето за Kitchen TV и утре се враќа дома. Благодарение на оваа телевизија и на шеф Дејан регионот ќе може да се запознае со македонските специјалитети и да им пренесе на гледачите дел од Македонија.

„Велат дека во Македонија е секој ден гозба. Познатиот македонски готвач Дејан Карапеев ќе им пренесе на гледачите дел од гурманската гурманската магија на оваа убава земја – Наскоро само на Kitchen TV!“, стои во најавата на телевизијата на емисиите посветени на македонската кулинарска традиција.

Фото: Kitchen TV