Дегустација на празен астал во „Форца“

Иако на нашиот портал сакаме да пишуваме за убави работи, за добра храна, добри места и добри луѓе, синоќешниот настан во ресторанот „Форца“ во Скопје, на кој бевме уредно поканети, а потоа не само заборавени, туку и целосно игнорирани, едноставно не остава простор да напишеме барем еден добар збор.

0
107

Дегустацијата на која беше поканета екипата на Арт кујна синоќа (12.мај) во ресторанот „Форца“, беше незаборавна! Иако повеќе од еден час упорно мафтавме по келнерите за да нарачаме барем нешто за пиење додека не почне и дегустацијата која беше најавена за 20 часот, никој од нив не дојде.  Си заминавме после 70 минути трпеливо чекање. Тоа е исто како да викнете гости дома, да ги сместите, да им ставите прибор за јадење и да се изгубите без трага и глас.

Можеби листата од 18 јадења која ни ја испратија за да ја објавиме како најава за оваа вечер, беше преголем залак за персоналот на овој ресторан, можеби беа премалку келнери, а можеби само им недостасува домашно воспитување и основни цивилизациски манири, но факт е дека не бевме послужени ниту со чаша вода.

Малку се оние угостителски објекти кои сфаќаат дека за да ја заинтересираат јавноста за себе најважна е добрата приказна, а таа не се прави вака.

Во големиот светски ресторански бизнис огромно влијание на популарноста и заработката имаат неколку реномирани гастроводичи кои со својот систем на оценување одредуваат кои се најдобри ресторани на светот. Најчесто тоа го прават анонимни гастро-инспектори. Ние во „Форца“ не бевме анонимно, па поминавме така како што поминавме… Уште една мала непријатна „авантура“.

Драгица Христова

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

four + 17 =