Детоксикациска супа од брокула и ѓумбир

Ако сакате да се опоравите и да го зајакнете организмот, испробајте ја оваа вкусна супа. Ви требаат најмногу 20 минути!

0
208

Состојки:

3 главици брокула

½ исечкан кромид

1 лажица маслиново масло

½ лажичка каранфилчиња

лажичка рендан ѓумбир

2 исечкани чешниња лук

сок од ½ лимон

шолји вода

сол, црн пипер

Приготвување:

На масло издинстајте ги кромидот и лукот додека не добијат златна боја, а потоа додадете ја исечканата брокула , каранфилче и ѓумбир. Динстајте околу 4 минути и постојано мешајте, додадете ја водата и варете 10 минути.

Ставете сѐ во блендер и додадете сол, црн пипер и сок од лимон.

Измешајте и послужете.

Фото: Pixabey