Диета без гладување: за 2 недели се симнуваат помеѓу 7 и 15 килограми

Оваа диета станала доста популарна затоа што, освен што за кратко време дава огромни резултати па со неа може да се пслабне помеѓу 7 и 15 килограми за само две недели, таа е и здрава. Најважно е и тоа што не вклучува гладување. Диетата трае 15 дена, а по неа не само што ќе бидете послаби, туку ќе бидете и сосема препородени.

0
1480

Оваа диета покажува дека можете да изгубите дури по 1 килограм на ден доколку се храните здраво и на време.

Таа е направена од страна на стручњаците на познатата Военомедицинска академија (ВМА) во Белград, за оние пациенти кои било неопходно да ослабнат непосредно пред операција за да помине сė во најдобар ред. Виталноста на пациентот е најважната работа на која овие лекари обрнале внимание.

После оваа диета не се чувствувате малаксано, изморено и исцрпено, а не се јавуваат ниту вртоглавици. Нервозата е сведена на минимум.

Оваа диета се држи во циклуси и има три круга. Секој круг трае пет дена, но после него е потребно да се направи пауза од 2 недели. Многу е важно да се придржувате до сатницата во исхраната и да ги јадете оброците во отприлика исто време. На пример, појадокот е веднаш по станувањето, а следните два оброци (ручек и вечера) после 4 до 5 часа од еден до друг.

Појадокот е секој од овие пет дена ист – 1 портокал, 1 парче двопек или 4 крекери, шолја кафе или чај (без засладувачи).

Ова се другите оброци по денови:


Прв ден:

Ручек – 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака (кисело млеко или јогурт), 1 двопек, 1 портокал.

Вечера – 1 до 2 двопека, 2 варени јајца, 1 домат, 1 краставица.

Втор ден:

Ручек – 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака, 2 двопека, 1 портокал.

Вечера – 1 двопек, 125 г мелено јунешко месо, 1 домат, 1 портокал.

Трет ден:

Ручек – 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака (или кисело млеко), 1 свежа краставица, 1 портокал.

Вечера – 1 двопек, 125 г мелено јунешко месо, шолјичка кафе или чај без шеќер, 1 портокал.

Четврти ден:

Ручек – 1 парче двопек, 125 г младо кравјо сирење, 1 домат.

Вечера – 2 двопека (или 8 крекери), 125 г мелено јунешко месо, 2 свежи домати.

Пети ден:


Ручек – 200 г варено јунешко месо, 1 парче двопек, 1 свеж домат.

Вечера – 1 тврдо варено јајце, 500 г варен зеленчук.

Кому е наменета оваа диета?

Оваа диета е одлична за секој кој многу учи и работи затоа што ја одржува концентрацијата на максимално ниво. Исто така, добра е и за жените после бременоста кои сакаат да го спречат таложењето на масти на местата кадешто кожата се растегнала. Тие би требало да бидат на овој програм за исхрана сė додека клетките на стомакот, рацете и нозете не се соберат.

Исто така, диетата е најдобар избор и за луѓето кои страдаат од дијабетес, како и за оние кои имаат проблем со срцето и штитната жлезда.

Фото: Pixabey